Печати

Денови на македонската музика 2013

hhh

Традиционалната соработка меѓу Друштвото за македонско - германско пријателство и соработка, Гете институтот Скопје и Сојузот на композиторите на Македонија продолжува и оваа година со промоцијата и размената на културните вредности на Германија и Македонија  со интересен проект во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2013“. 

Пет члена на Минхенскиот камерен оркестар, водачи на оркестарските групи во овој оркестар, од 3-ти до 6-ти април ќе станат дел од Камерниот оркестар на Македонската филхармонија за да исполнат програма од македонски и германски композитори, да разменат искуства со своите македонски колеги, да соработуваат и да учат едни од други како што тоа големите музичари секогаш го прават. 

На концертот што ќе се одржи на 6-ти април (сабота) 2013 година во Музејот на македонската борба за државност и самостојнот, со почеток во 20:00 часот, ќе бидат изведени дела од македонските композитори Фатос Лумани, Панде Шахов, Стојан Стојков и Тома Прошев и германските Николаус Брас (Nikolaus Brass) и Јерг Видман (Joerg Widmann). 
 
Влезот на концертот е слободен.
Печати

Курсеви по германски јазик

imagesЗдружението Друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје (ЗДМГПС-Скопје) на 15 свои членови им овозможи посета на курс по германски јазик за возрасни (од 18 години) во лиценцираниот испитен центар на Гете-Институтот, Центарот за странски јазици. Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје ги презеде трошоците за посета на курсот по германски јазик со времетраење од 17 недели со почеток на курсевите на 11.02.2013.

Печати

Младите пишуваат за иднината

Screenshot 1hhhРаботилница за креативно пишување со писателката Карен-Сузан Фесел

Од 22-ри до 24-ти ноември 2012 година во Германската читалница се одржа работилница за креативно пишување организирана од здружението Друштво за македонско - германско пријателство и соработка Скопје со пријателска поддршка од Гете- Институт Канцеларија за врски Скопје.  Работилницата ја водеше германската писателка Карен Сузан Фесел, и на неа учествуваа 20 млади учесници кои солидно го познаваат германскиот јазик  и сакаат да пишуваат на германски јазик. По работилницата се издаде публикација во која се објавија текстовите на учесниците кои тие ги напишаа на  германски јазик на тема Младите пишуваат за иднината.

Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 33 гости и нема членови