Печати

Денови на македонската музика 2013

hhh

Традиционалната соработка меѓу Друштвото за македонско - германско пријателство и соработка, Гете институтот Скопје и Сојузот на композиторите на Македонија продолжува и оваа година со промоцијата и размената на културните вредности на Германија и Македонија  со интересен проект во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2013“. 

Пет члена на Минхенскиот камерен оркестар, водачи на оркестарските групи во овој оркестар, од 3-ти до 6-ти април ќе станат дел од Камерниот оркестар на Македонската филхармонија за да исполнат програма од македонски и германски композитори, да разменат искуства со своите македонски колеги, да соработуваат и да учат едни од други како што тоа големите музичари секогаш го прават. 

На концертот што ќе се одржи на 6-ти април (сабота) 2013 година во Музејот на македонската борба за државност и самостојнот, со почеток во 20:00 часот, ќе бидат изведени дела од македонските композитори Фатос Лумани, Панде Шахов, Стојан Стојков и Тома Прошев и германските Николаус Брас (Nikolaus Brass) и Јерг Видман (Joerg Widmann). 
 
Влезот на концертот е слободен.
Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 31 гости и нема членови