Печати

Читање на Инго Шулце

Ingo Schulze liestИнго Шулце е еден од најпознатите и најинтересни модерни автори во Германија. Со неговото литературно документирање на настаните од поновата историја на Германија – особено настани поврзани со падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на двете Германии – стана еден од најимпресивните литературни сведоци на оваа пресвртница, а со тоа и еден од најпреведуваните автори.

Културната установа „Блесок“, во соработка со Канцеларијата за врски на Гете- Институт во Скопје, а со поддршка од Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка и Фондацијата „Роберт Бош“ организираше две книжевни средби со Инго Шулце, по повод објавувањето на две од неговите книги на македонски јазик, „Адам и Евелин“ и “Мобилен”. На 3 јуни 2010 во 21 часот во „Менада” (Стара чаршија) се одржа промоцијата на романот „Адам и Евелин“ и на збирката раскази „Мобилен“. Двете книги се во издание на Блесок, а преведени од германски од Елизабета Линднер. Наредниот ден, на 4 јуни 2010 во 11 часот во Германската читална при НУБ „Климент Охридски“ се одржа средба и разговор со авторот, при што присутните имаа можност да поставуваат прашања. Авторот зборуваше за своите дела, а се читаа и одбрани делови од преведените книги. Публиката имаше и можност книгите да ги купи по промотивна цена, потпишани од токму од Инго Шулце.

Број на гледања на артикли
142462

Имаме присутни 270 гости и нема членови