Печати

Изложба на фотографии од метрополата Рур од Манфред Фолмер

ffgfОбласта Рур во Германија - некогаш јадро на тешката индустрија и на фабрички оџаци и хали, денеска трансформирана во регион на културата беше во фокусот на изложбата на фотографии „Митот за Рур: Есен во рурската област“, која од 25 -ти ноември до 24 -ти декември 2010 година беше поставена во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

Постановката, иницирана од РУР.2010, која во годината на Европскиот град на културата, патуваше во повеќе светски метрополи, а во Скопје дојде во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка во партнерство со Германската читалница при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, со поддршка на Гете-Институт Канцеларија за врски Скопје.

На изложбата беа поставени 22 фотографии од Манфред Фолмер од Есен, како дел од патувачката изложба во рамките на манифестацијата „Рур - престолнина на  европската култура 2010“. Преку нив, македонската публика ја имаше можноста да ја запознае оваа германска метропола, која иако во минатото асоцира на сиво-црн индустриски регион, во кој поради чадот од високите печки многу ретко можело да се види небото, денес ја пронајде својата самодоверба и со гордост го покажува тоа што може да го понуди: 100 концертни сали, 200 музеи, 19 универзитети, 250 фестивали, 1,000 индустриски споменици и 120 театри. Сите овие спектакуларни нови градби одново го изменија нејзинот имиџ. Онаму каде што индустриското минато оставило немилосрдни траги, денес се отвора пат за нови естетски вредности.

На отворањето на оваа изложба присуствуваа околу 100-тина посетители, меѓу кои и многу значајни личности од земјава, како и професори и студенти од Катедрата за германски јазик и книжевност од Филолошкиот Факултет “Блаже Конески”, Скопје.

Број на гледања на артикли
142442

Имаме присутни 212 гости и нема членови