Печати

ГОДИШНО СОБРАНИЕ 2016

Почитувани членови и пријатели на Друштвото за Македонско-Германско Пријателство и Соработка Скопје,


со големо задоволство Ви најавуваме дека ЗДМГПС на 22.03.2016 (вторник) со почеток во 17:30 часот ќе го одржи своето ГОДИШНО СОБРАНИЕ во просториите на Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Ги покануваме сите членови на Друштвото, како и сите заинтересирани кои сакаат да ни се придружат и да станат дел од нас да дојдат и присуствуваат на Собранието.

Воедно Ве информираме дека обновувањето на членството за 2016 година ќе можете да го направите со уплата на 300 денари на жиро-сметката на ЗДМГПС бр. 300000002410389 Комерцијална Банка А.Д. Скопје или лично на денот на Собранието.

Се надеваме дека повторно ќе бидеме во голем број.

Пријателски поздрав

Извршен одбор на ЗДМГПС

Печати

Предавање и дискусија на тема: „Границите на Европа“, Гете и Ниче како вистински „европејци“

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со задоволство би сакале да Ви најавиме дека на 09.10.2015 (петок)  во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а во соработка со Универзитетот Бохум ќе се одржи предавање и дискусија со Кевин Лиџери, докторанд на Универзитетот Бохум на тема:„ГраницитенаЕвропа“, ГетеиНичекаковистински„европејци“

Почеток: 18:30 часот

Место: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

Предавањето ќе биде на германски јазик, дискусијата со можност и на англиски.

kevin3 web

Ако некој се обиде моменталната ситуација на Европа топографски и епистемолошки да ја картографира ќе наиде на значителни тешкотии. Кога се зборува за "Тврдината Европа" (израз кој датира од Втората Светска Војна ) тогаш се работи за разграничување помеѓу безбедност и заштита, што излегува од рамките на метафорична и воена важност. Европа е пред се поглед дефиниран од страна на други држави преку се она „туѓо“ и „надворешно", што впрочем не е Европа. Во предавањето ќе се направи силна дистинкција меѓу Европа и другите национални држави што ќе биде вовед во натамошната дискусија.

Погледнувајќи ја германската културна и интелектуална историја, двајца мислители се чини дека имале најголемо влијаније за прашањата со границите и ограничувањата до ден денес: Јохан Волфганг Гете и Фридрих Ниче.

Што ги прави овие двајца германци, Гете и Ниче, „вистински германци“ или подобро, „вистински европејци“ бидејќи тоа е начинот на кој тие се гледале себеси?

Предавањето ќе се обиде да даде одговор на прашањето како може една нација, опкружени со други народи, да опстои и воопшто да се развие. Истото ќе се покаже врз пример на "германско-европската драма" и тоа во три чекори: Првиот чекор се однесува на односот на двајцата мислители на германците како народ, во вториот чекор ќе бидат прикажано како Гете и Ниче ги отворија своите германски погледи за европска перспектива. Последниот чекор е констатација и изглед.

Да резимираме: Во првиот чекор, прашањето е генерално за национализам и ограничување, во вториот постои отворање и одраз на овој прв чекор. Прашањата се, размислуваат националните држави во европскиот простор? Колку важни се националните држави и како тие функционираат? Како функционира односот на отворање и затворање?

Печати

Поетско читање со Михаел Кругер

mihail_kruger.jpg

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со големо задоволство би сакале да Ви најавиме дека на 06.06.2015 (сабота) во организација на „Блесок“ и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а со поддршка од Гете Институтот ќе се одржи поетско читање и разговор со германскиот автор Михаел Кругер.


Почеток: 20 часот
Место: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

Михаел Кругер ќе одржи промоција на поетската книга После природата/Nach der Natur која во Македонија излезе во 2012 година во издание на „Блесок“ со превод на германски на Елизабета Линднер.

 

Број на гледања на артикли
84087

Имаме присутни 100 гости и нема членови