Печати

Драги членови и пријатели

heinz3.jpgДМГПС со задоволство ја поддржа работилницата за кратки филмови "Уметноста на снимање краткометражни филмови"  од  Хајнц Херманс во   рамките на филмскиот фестивал Cinedays. Настанот се одржа на 21.11.2013 во просториите на  Македонскиот Културен Центар. Проектот е поддржан од ДМГПС и Гете Институт.............прочитај повеќе 

 

Хајнц Херманс е директор на фестивалот „Интерфилм" од Берлин.

Предавањето се однесува на развивање сценарио за краток филм, неговата посебна естетика, механизми и можности за дистрибуција – фокус на краткометражниот филм воопшто (или конкретно на документарен филм, анимиран филм, фикција или експериментален филм)
Што претставува краткометражен филм и како функционира успешно?
Примери за меѓународни креативни и успешни краткометражни филмови;
Разгледување на различни видови краткометражни филмови:
фикција, документарен, анимиран, експериментален, разновиден;
Каде е публиката за краткометражни филмови?
Дали е можно да се заработи од нив?
Уметноста на снимањето вакви филмови е да успеете да составите краток филм така што ќе создадете убедлив аудио-визуелен концепт и ќе го привлечете гледачот да учествува и емоционално и умствено.
Краткометражниот филм може да биде успешен само ако има добра идеја, добар концепт и совршена драматургија. Драматургијата е суштинска.
Хајнц Херманс, биографија
Директор на фестивал / Извршен директор на „Интерфилм"Берлин, фестивал за краткометражни филмови и дистрибуција
Роден во Дуизбург, Западна Германија.
Работел како социјален работник во Белфаст, Северна Ирска. Потоа студирал Политички студии во Берлин и во Урбино, Италија.
Во 1981 го основа и раководи со киното „Ајсцајт"за време на сквотерското движење во Берлин на чие чело бил девет години. Во 1986 година тој раководи со Меѓународниот фестивал за документарен филм во Берлин. Од почетоците во 1982 до денес тој раководи со меѓународниот фестивал за краткометражен филм и дистрибуција „Интерфилм". Тој бил еден од директорите на Фестивалот за краток филм „Полисино" во Катанија, Италија од 1990 до 1996. Од 2001, тој е директор, а воедно и основач на Фестивалот за супер кратки филмови „Going Underground" кој се одржува во вагоните на берлинската подземна железница – а од 2011 и во подземната железница во Сеул, Јужна Кореја. Тој е еден од основачите и селектор на поетскиот филмски фестивал „Зебра" кој од 2002 двапати годишно претставува кратки филмови во кои се прикажува поезија.
Има продуцирано и режирано неколку кратки филмови и еден долгометражен филм како групна работа за ТВ – ZDF Kleines Fernsehspiel. Работел и на сценарија за кратки и долгометражни филмови, има напишано неколку написи за краткометражни филмови.
„Интерфилм" Берлин – меѓународен фестивал за краткометражен филм и дистрибуција
Основан во 1982 година, „Интерфилм" Берлин го организира Берлинскиот меѓународен фестивал за краткометражен филм и раководи со дистрибутерската куќа за краткометражни филмови „Интерфилм".
Меѓународниот фестивал за краткометражни филмови „Интерфилм" се има наметнато како еден од најважните фестивали за краток филм во светот. „Интерфилм" е познат како вториот најстар германски фестивал за краткометражни филмови и се смета за вториот најзначаен и најстар меѓународен филмски фестивал во Берлин по Берлинскиот филмски фестивал.
Оваа година беа доставени 7000 филма со времетраење до 30 минути. Се избираат околу 500 од нив и се сместуваат во неколку различни тематски програми. Има номинациски секции за „Меѓународни", „Германски", „Документарни детски", „Документарни" и „Краткометражни против насилство". Специјалните програми се фокусираат на продукции од одредени држави или региони. Тематските програми исто така се концентрираат посебно на анимација, музички видеа, реклами, експериментални филмови, историски филмови и ретроспективи.
На фестивалот учествуваат околу 400 акредитирани гости од 40 држави. Фестивалот има 16 илјади посетители и дополнителни десетици илјади кои ги гледаат филмовите на интернет.
„Интерфилм" беше иницијатор и е дел од промоцијата на годишниот фестивал за краток филм во берлинската подземна железница насловен „Going Underground" каде што филмовите можат да се гледаат на екрани во вагоните во Берлин и во Сеул. Овој фестивал е еден од основачите и партнер на Филмскиот фестивал за поезија „Зебра". Заедно со „Сименс", „Интерфилм" го одржа првиот натпревар во светот за филмови снимени со мобилен телефон. Исто така се одржуваат и редовни настани, како месечниот „Шортс Атак", кој е дел од годишната културна програма на Берлин и на 12 други германски градови. 


Број на гледања на артикли
83757

Имаме присутни 496 гости и нема членови