Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Покана за предавање со Бенјамин Лангер и работилница за превод

Почитувани членови, соработници и пријатели на Друштвото за македонско-германски пријателство и соработка,

На покана на ЗДМГПС и на Гете-Институт, а на наша голема радост следната недела во Македонија ќе гостува Бенјамин Лангер, преведувач на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, кој ќе одржи предавање и работилница.

Предавање за искуствата и предизвиците при преведувањето на романот Пиреј од македонски на германски јазик

-Место: Филолошки Факултет Скопје, голема сала за состаноци на прв кат

-Време: 08.11.2018 (четврток), со почеток во 13 часот

-Јазици на предавањето: германски и македонски

 

Предавањето со модерација на проф. д-р. Емилија Бојковска и проф. д-р Емина Авдиќ е отворено за сите заинтересирани а предвидена е и дискусија со прашања

Бенјамин Лангер следниот ден ќе одржи и целодневна работилница со студенти по германистика / превод и толкување на германски јазик:

 

Работилнца за превод

-Место: Филолошки Факултет Штип, Катедра по германски јазик
-Време: 09.11.2018 (петок), со почеток во 10 часот (организиран превоз на заинтересирани студенти од Скопје во 08:30)
-Пријавување на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Го очекуваме Вашето присуство

Срдечен поздрав
ЗДМГПС

 

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОКАНА

 

 

Број на гледања на артикли
123416

Имаме присутни 226 гости и нема членови