Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Poetry Slam

Покана за првата Poetry Slam работилница во Скопје

Поезија? Настап? Талент шоу? На еден Poetry Slam му се потребни следниве состојки: текст, сопствен ритам, игра и желба за  натпревар, трка со времето и еден јавен микрофон.

Poetry Slam инспирира многу луѓе ширум светот да го откријат сопствениот израз и да се пронајдат во сопствените зборови. Но исто така е и можност да се сподели внимание, да се сослуша еден со друг и да се дадат нови одговори.

Тимо Брунке заедно со уште неколкумина поети го започнаа Poetry Slam во Германија. Тој е слободен уметник и долги години го обликуваше Poetry Slam-от во Германија. До денес тој им помага на младите и на студентите и им го покажува патот до првиот свој текст и до првиот свој настап.

Што треба да понесете: Едно пенкало, хартија, желба за креативно пишување и за ново и убаво искуство. Искористете ја шансата! Пораснете надвор од себе!

Број на гледања на артикли
84084

Имаме присутни 81 гости и нема членови