Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Концерти на ансамблот „Хоризонте“ - Германија

Почитувани членови и пријатели,

Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка Скопје заедно со СОКОМ и Гете-Институт Скопје со задоволство Ве поканува на концертите на германскиот ансамбл HORIZONTE што ќе се одржи во

рамките на „Деновите на македонска музика“ 2017:

Датум и време: 11.04.2017, и 12.04.2017, 20:00 часот

Место: Музеј на Град Скопје

Влез: слободен

За ансамблот

Ансамблот ХОРИЗОНТЕ од своето формирање во 1990 година до денес делува во различни формации, и е посветен пред сè (но не исклучиво) на изведба на современа музика. Традиционалното и модерното, како и интеракцијата помеѓу музиката и другите уметнички жанровипретставуваат најважниот елемент во уметноста на ансамблот, што ги отвора вратите на современиот звук за пошироката публика, не поставувајќи го претходно музичко знаење и искуство како предуслов. Ансамблот ХОРИЗОНТЕсоработува со бројни реномирани музичари, уметници, и композитори, на театарси проекти и проекти и со други организатори во Германија и странство. 

Број на гледања на артикли
84083

Имаме присутни 80 гости и нема членови