Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Mapping the City- A visual approach to Skopje

ЗДМГПС ви ја најавува работилницата за графички дизајн Mapping the City. 

Двоецот дизајнери Andrews/Degen оваа година во рамки на фестивалот Skopje Design Week 2016 го стави Скопје на мапата на својата позната работилница Mapping the City, овој пат насловувајќи ја "A visual approach to Skopje".

Време: понеделник, 21. – петок 25 ноември 2016 секој ден: 10:30-14:30

Место: Факултет за Арт и Дизајн при ЕУРМ Претставување на краен продукт во „Јавна Соба“ - 25. ноември во 17

Сите заинтересирани со или без искуство во графички дизајн може да се пријават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 11 ноември 2016. 

Повеќе за работилницата и авторите може да прочитате тука

Број на гледања на артикли
84076

Имаме присутни 58 гости и нема членови