Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕВОД

ЗДМГПС- Скопје организира работилница за превод на книгата „Седмата страна на коцката“ од академик Влада Урошевиќ од македонски на германски јазик.

Работилницата ќе ја водат лекторката Маријана Ѓорѓиева и преведувачот Бенјамин Лангер и е наменета пред се за студенти од 3 и 4 студиска година од Катедрите за Превод и толкување на германски јазик и книжевност, но и за сите заинтересирани за превод на литература кои имаат добри познавања на германскиот јазик.

МЕСТО: Германска читалница

ВРЕМЕ:12-14 мај од 11:00 до 15:00 часот

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 1 мај 2016 година

Пријавувањето може да го направите со испраќање на лични податоци (име, презиме, година на раѓање и професија) на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Проектот е поддржан од страна на Гете-Институт Канцеларија за врски Скопје

Број на гледања на артикли
84066

Имаме присутни 21 гости и нема членови