Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Поетско читање со Михаел Кругер

mihail_kruger.jpg

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со големо задоволство би сакале да Ви најавиме дека на 06.06.2015 (сабота) во организација на „Блесок“ и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а со поддршка од Гете Институтот ќе се одржи поетско читање и разговор со германскиот автор Михаел Кругер.


Почеток: 20 часот
Место: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

Михаел Кругер ќе одржи промоција на поетската книга После природата/Nach der Natur која во Македонија излезе во 2012 година во издание на „Блесок“ со превод на германски на Елизабета Линднер.

 

Број на гледања на артикли
83753

Имаме присутни 484 гости и нема членови