Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Поетско читање со Јурген Нендѕа

juergen-nendza-presse001-300.jpg

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со голема чест би сакале да Ви најавиме дека на 23.05.2015 (сабота) во организација на „Блесок“ и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а со поддршка од Гете Институтот ќе се одржи поетско читање и разговор со германскиот автор Јурген Ненѕа.

Почеток: 20 часот
Место: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

Јурген Ненѕа ќе одржи промоција на тројазичната поетска книга Во некои денови/An manchen Tagen/On some days која во Македонија излезе во 2014 година во издание на „Блесок“ со превод на германски на Елизабета Линднер

Број на гледања на артикли
84062

Имаме присутни 12 гости и нема членови