Печати

Повик за доставување предлог проекти

Почитувани членови,


Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка објавува повик за доставување предлог проекти за реализација во 2015 година.

Проектите кои финансиски ќе бидат поддржани од ЗДМГПС во соработка со Гете-Институтот треба да бидат од културен и образовен карактер и да бидат во насока на продлабочување на македонско-германските културни односи.

Ве молиме да ни испратите:

-краток опис на Вашата идеја
-термин и времетрање на реализацијата
-потребен буџет (средства) за реализација
-целна публика и цели на проектот

по е-маил најдоцна до 15. Ноември 2014 година.

Доколку Вие соучествувате како партнер организација во заеднички македонско-германски проект тогаш имате многу поголема можност за наша поддршка. Конечниот избор на проекти кои ќе бидат поддржани ќе се направи во јануари 2015 година.

Пријателски поздрав

ЗДМГПС