Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

„За буквите, сликовниците и библиотеките" : идеи и проекти за поддршка на читањето кај деца на училишна возраст

Работилница
27 и 28 октомври 2014
Центар за конференции и студииво НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

 

Во рамките на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Германската читалница, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Гете-Институтот, организираат работилница за поддршка на читањето кај деца на училишна возраст, насловена „За буквите, сликовниците и библиотеките: идеи и проекти“.
 
Работилницата ќе се одржи на 27 и 28 октомври 2014 г. во Центарот за конференции и студии во НУБ. Предавачи ќе бидат Викторија Боте од Академијата за поддршка на читањето од сојузната покраина Долна Саксонија, Хановер, Германија (http://www.alf-hannover.de/) и Карола Пенц, наставничка за развој во образованието и слободен предавач.      
 
Основни цели и задачи на Академијата за поддршка на читањето се преглед на развојот на дидактиката на читањето, информација и доусовршување на родители, старатели, учители и библиотекари, квалификување на доброволни ментори за читање, соработка семејство-градинки-училишта-библиотеки, поттикнување и поддршка во формирање на мрежи.                                                                                                                                                                                      
Г-ѓа   Карола Пенц ќе предава за основите на детскиот развој и степените на развојот на читањето во предучилишна и училишна возраст и односот со книгата во училиштето и надвор од него. За социјализацијата за читање во семејството и почетоците на соработката со библиотеките, како и за заедничките проекти за поттикнување на читањето, ќе зборува г-ѓа Викторија Боте.
 
Број на гледања на артикли
84063

Имаме присутни 14 гости и нема членови