Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Листа на избрани кандидати за курсеви по германски јазик

Ве известуваме дека ЗДМГПС направи избор на 15 свои членови кои ќе добијат можност да ги посетуваат едносеместралните курсеви по германски јазик во Центарот за Странски Јазици во Скопје. На кандидатите ќе им биде овозможено покривање на две третини од висината на курсот.

Исто така направен е избор и на 5 членови кои се најдоа на листата за чекање, а кои ќе добијат можност во случај на откажување на некој од погорерангираните апликанти.

 Листа на избрани кандидати

Број на гледања на артикли
83756

Имаме присутни 494 гости и нема членови