Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Средба на членови - Stammtisch во среда 16.04.2014

Почитувани членови и пријатели,

Задоволство ни е да Ве поканиме на предвелигденска средба на членовите на ЗДМГПС во среда на 16.04.2014

Времето и локацијата ќе останат исти како на нашите Stammtisch средби: локал Плаза дел Торос (кеј на Вардар) со почеток во 20:00 часот.

Со оглед на тоа што претходниот месец немавме можност да организираме Stammtisch, ова ќе биде прилика да се видиме и да продискутираме за активностите на Друштвото, а воедно и да се подружиме.

Се радуваме на Вашето присуство

Пријателски поздрав

Извршен одбор на ЗДМГПС

 

Број на гледања на артикли
83754

Имаме присутни 485 гости и нема членови