Печати

Културни Настани - Германска Амбасада 2013

16.01.2013 – Вечера за ДААД алумнистите во резиденцијата

Новата година започна со прием во резиденцијата на Германската амбасада. Амбасадорот Штајнакер ги покани на прием поранешните стипендисти од различни програми и институции. Поканата ја прифатија повеќе од 60 алумни на Германската служба за академска размена (ДААД), на Комитетот за источноевропски економски односи на германското стопанство како и на Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС). Друштвената вечер им овозможи на младите луѓе размена на искуства. Старите пријателства беа обновени, а се воспоставија и нови контакти во големата мрежа на алумнисти на германскиот образовен систем.

 

22.01.2013 - 50 години од Елисејскиот договор

Годинава Франција и Германија ширум светот го одбележаа потпишувањето на Елисејскиот договор и создавањето на Германско-француската младинска организација во 1963 година, пред 50 години. Амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија организираа повеќе манифестации во Скопје. Свечениот почеток беше означен со отворањето на изложбата „Де Гол – Аденауер: градители на германско-француското пријателство“ на 22. јануари во Кинотеката од страна на германскиот амабасадор Гудрун Штајнакер, советничката Карен Роше на Француската амбасада и директорката на Кинотека, госпоѓа Мими Ѓоргоска Илиевска. Изложбата не ја тематизираше само клучната позиција на двајцата државници во процесот на меѓусебното приближување, туку и одличниот личен однос меѓу нив. Потоа беше прикажан германско-францускиот игран филм „Честит Божик“ со Диана Кругер, Бено Фирман и Гиом Кане за збратимувањето на германски, француски и британски војници на Бадник 1914 година. Изложбата можеше да се посети и на 15. февруари во Националната библиотека, а потоа и во различни македонски градови.

 

15.02. – Подиумска дискусија по повод 50 годишнината од Елисејскиот договор

На 15. февруари Германската и Француската Амбасада организираа во соработка подиумска дискусија за значењето на германско-француското помирување за помирувањето на Балканот. Значајно е што изложбата беше отворена од Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, за што тој спонтано се понуди. По поздравните говори на германскиот и на францускиот амбасадор беше прикажан документарен филм во кој де Гол и се обраќа на германската младина во Лудвигсбург во септември 1962 година. Говорот им беше достапен на сите гости во печатена форма на француски, на македонски и на албански јазик. По тој повод, комплетниот говор на де Гол беше за прв пат преведен на албански јазик. Потоа следеше подиумска дискусија на која учествуваа француската новинарка Клер Демесмеј, моментално активна во Германското друштво за надворешна политика во Берлин, Франк Моравиц, овластено лице од Германско-француската младинска организација (DFJW), Претседателот на Македонската академија на науки и уметности, проф. д-р Владо Камбовски, германистот проф. д-р Петер Рау од Универзитетот во Скопје, албанскиот писател и поранешен дипломат Луан Старова, како и Бујар Лума, директорот на НО ЛОЈА, долгогодишната партнерска организација на ДФЈВ. Актуелноста и потребата од една ваква дискусија се отсликаа и во енормниот интерес кај публиката. Просторијата во која се одржуваше настанот со околу 150 слушатели беше полна до последното место. Меѓу гостите се наоѓаа претставници од дипломатскиот кор, македонското Министерство за надворешни работи како  и претставници од македонските институции, културата и стопанството. Младите луѓе требаше да дознаат нешто, пред се, за процесот, кој резултираше со денешното германско-француско пријателство.

 Zerkleinert 2013-02-15 Elysee Podiumsdiskussion 1  unnamed1 unnamed2  unnamed33

  

25.02 – Донација на книги во Прилеп

Библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп доби донација на книги. Книгите од германскојазичното подрачје потекнуваат од приватни библиотеки на соработници во Амбасадата и опфаќаат лексикони, современа литература, сликовници, век, како и актуелни бестселери, како на пр. од Јонас Јонасон.

 unnamed 3    unnamed     


25.02 – Отворање на изложбата де Гол & Аденауер во Битола       

Во духот на 50 годишнината од Елисејскиот договор, германскиот и македонскиот амбасадор свечено ја отворија патувачката изложба „Де Гол – Аденауер“ во Центарот на културата во Прилеп, која веќе два пати беше изложена во Скопје. Амбасадорот Штајнакер го одржа својот говор на македонски јазик. Потоа беше прикажан филмот „Честит Божик“. И во овој дел беше понуден комплетен превод на изложбата на македонски јазик.

  unnamed211    unnamed 124

 

08.04 – Донација на книги во Радовиш

На 08. април 2013 Аташето за кутура Франк Штесел донираше книги за Градската библиотека на општина Радовиш. Донацијата, која се состоеше од повеќе стотици книги, потекнува од приватните библиотеки на соработниците на Амбасадата и опфаќа и нови и стари дела. Со овој гест, збирката се зголеми за уште неколку интересни дела.

 

11.-13.4.2013 – Регионална ИПС-конференција

Од 11. до 13. април во Скопје се одржа првата регионална конференција на ИПС алумнистите. ИПС- програмата (Internationales Parlamentsstipendium) секоја година им дава можност на 120 дипломци од 28 земји, претежно од Средна, Источна и Југоисточна Европа, да работат пет месеци во Канцеларијата на некој германски пратеник во Бундестагот и да посетуваат курсеви на универзитетите во Берлин. Целта на конференцијата беше размена на искуства на поранешните стипендисти од регионот за општествениот ангажман, развојот на парламентаријата и на демократијата во Југоисточна Европа и формирањето на мрежи. Покровител на програмата во Македонија е Претседателот на парламентот Трајко Вељаноски. Од Македонија секоја година се бираат тројца дипломци. Рокот за пријавување секогаш е до 30. јуни. Повеќе информации може да се најдат на интернет страната на Германската амбасада.

 

25.05. – Јавно гледање на финалето на Лигата на шампионите во фудбал

Повеќе од 250 фудбалски фанови дојдоа на Public Viewing во Германската амбасада во Скопје. Уште пред официјалниот почеток љубопитните стоеја пред влезот. Имаше посетители и од другите амбасади во Скопје. Атмосферата беше опуштена, се навиваше и се славеше. Колбасите и бесплатното пиво се погрижија сите добро да ја поминат вечерта. И во текот на следната недела можеше да се слушне дека манифестацијата била голем успех.

 

01.-05.06.2013 9. - Астерфест во Струмица

На почетокот на јуни одново се одржа 9. Астерфест во градот Струмица. И годинава Фестивалот на краткиот филм го посетија проминентни гости од Германија: Ларс Хенрик Гас, Раководителот на Деновите на краткиот филм во Оберхаузен, најстариот Фестивал на краткиот филм на светот, беше еден од почесните гости. Меѓу прикажаните кратки филмови и годинава повторно имаше германски филмови. Од тие причини на Амбасадата не и беше само важно да го поддржи Астерфест, туку да биде присутна и на местото на настанот. Од посетата на Фестивалот произлегоа многу дополнителни можности за воспоставување на контакти со режисери и продуценти.

 

16.08.2013. – Потпишување на договор за мал проект со „Круме Кепески“ Припор

На 16.08.2013 Ханс-Хелге Зандер, вршител на должност привремено од Германската Амбасада, градоначалничката на општина Кисела вода, госпоѓа Билјана Беличанец Алексиќ и директорката на училиштето Павлина Трипуновска потпишаа заеднички договор за реновирање и опрема на Основното училиште „Круме Кепески“ Припор во општина Кисела вода. Со него треба да се подобрат условите за преку 100 ученици. Најголемиот дел од финансиите го покриваат соработниците на Германската амбасада во Скопје, која учествуваше со околу 5.000 евра од приходите на Божикниот базар што секоја година се одржува. Во спротивно, спроведувањето на проектот не би било можно. На крајот Бетина Бернт, во својство на претставник на Амбасадата, ги покани присутните на овогодишниот божиќен базар. Се надеваме дека македонските односи и во иднина ќе бидат толку интензивно негувани.

 

22.08.2013 - 25.08.2013 – Струшки вечери на поезијата

На 22.08.2013 беа отворени „Вечерите на поезијата“ во Струга кои се вбројуваат во најдобрите меѓународно познати „поетски фестивали“. Годинава германскиот поет Рон Винклер учествуваше на читањата на мостовите во градот. Германската амбасада се радува што постои толку активна размена помеѓу двете земји на полето на литературата.

 

17.09.2013 – Поетско читање на Мариане Шулц во Германската читална Скопје

Друг литературен „вкусен залак“ беше читањето на германската авторка Мариане Шулц на 17.09.2013 во Германската читална во Скопје. Таа читаше извадок од својата книга „Шансата да излезеш неповреден од тоа: слики од животот“. Госпоѓа Шулц се осврна на прашањето како општествените кризи влијаат врз животот на поединецот. Дали пресвртите како годината на повторното соединување 1989 резултираат со пресврт во биографиите на луѓето? Авторката опишува слики од животот од една исчезната земја кои се протегаат до сегашноста. Сите гости во преполната сала слушаа внимателно и замислено си заминаа дома.

 

20.09.2013 – Хенрик Фрајшладер бенд на Блуз и соул фестивал во Скопје

Реномираниот германски блуз музичар Хенрик Фрајшладер и неговиот бенд го отворија овогодишниот Блуз и Соул Фестивал Скопје. Хенрик Фрајшладер важи за еден од најдобрите германски музичари на интернационалната блуз рок сцена, чијашто музика се развила под влијание на Gary Moore, Sevie Ray Vaughan, Rory Gallagher. Во својата кариера веќе настапувал на сцена со блуз легендата Б.Б. Кинг, бил номиниран како странски изведувач за британската блуз награда и со години ја воодушевува меѓународната публика. Настапот на бендот во Универзалната сала, кој имаше одлична посетеност, им приреди уживање на познавачите на сцената и сите пријатели на блуз и соул музиката.

 

22.09.2013 – Забава по повод изборите во Бундестагот

Кој ќе биде новиот Сојузен канцелар? – На ова прашање можеше да се даде одговор на забавата организирана по повод парламентарните избори 2013 во германската Амбасада за време на преносот во живо од изборното студио на ЗДФ: Гостите можеа да ја дадат својата прогноза до 17.59 часот, пред да се дознаат првите изборни прогнози. Со возбуда и дискусии се следеа изборните прогнози во текот на вечерта се до првичниот краен резултат. Бесплатното пиво и колбасите се погрижија за потребното „опуштање“.

 

09.10.2013 – Свечености по повод 20 годишнината од дипломатските односи помеѓу Германија и Македонија

Пред 20 години на 09.10.1993 Сојузна Република Германија воспостави дипломатски односи со Македонија. Овој настан беше прославен во Операта во Скопје заедно со уште 20 други земји. Поздравниот говор го држеше Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Тој ја нагласи добрата соработка на Македонија со нејзините партнерски земји. Британскиот амбасадор Кристофер Ивон зборуваше за нужноста од модерна дипломатска служба која е дорасната на политичките предизвици на нашето време и ја изрази својата радост што сите присутни земји се ангажирале за оваа цел. На приемот што следеше, нациите што учествуваа ги презентираа типичните кулинарски специјалитети. Времето беше прекратко за се да се проба. Концертот, на кој беше изведена 9. Симфонија од Лудвиг ван Бетовен со учество на германскиот бас баритон Џо Полхајм, беше круна на свеченостите.

 

10.10. – 01.11.2013 – Фестивал на „Новиот германски филм“ во Македонија

Фестивалот на Новиот германски филм е најголемото достигнување во годината на културната дејност на Германската амбасада. Отворањето на 9. Фестивал се одржа во полното кино Милениум со трагикомедијата „Претежно ведро“. Салата беше украсена со неколку црвени балони, верно на мотото „Сакам филм“. Амбасадорот Гудрун Штајнакер во својот говор по повод отворањето нагласи дека овој фестивал претставува посебен настан во рамки на многуслојните германско-македонски односи. Амбасадорката со задоволство изјави дека Фестивалот, во однос на градовите и во однос на бројот на посетители, секоја година бележи пораст. Значењето на Фестивалот видно беше нагласено и во говорите на заменик македонскиот Министер за образование и на градоначалниот на Скопје. Откако сите гости се смееја и до среќниот крај и плачеа, по завршувањето на филмот можеше да се разговара уживајќи со чаша вино во фоајето. Во неделите што следеа беа прикажани вкупно 14 филма во Скопје како и во 8 други градови. Прикажувањето започна во градот Куманово. Во 9. година од Филмскиот фестивал Куманово беше вклучен од Германската амбасада како деветти град во кругот на градовите во кои се прикажуваат филмови. Годинава треба особено да се спомене Куманово, бидејќи тој е градот во кој постои германско-македонска културна размена, за која годинава интерес пројавија нови заинтересирани лица. Филмовите беа на турнеја во градовите Тетово, Битола, Велес, Струмица, Кавадарци, Штип и Прилеп. Се прикажуваа продукции од 2012/2013 со познати германски актери, литературни филмувања, документарни и детски филмови, драми и комедии. Целта на Филмскиот фестивал е да пренесе една модерна, опширна и отворена слика за Германија. Изборот на филмовите ја оправда оваа разноликост. Покрај комедиите „Претежно ведро“, „Човек го прави тоа што го може“, се прикажуваа и драми „Викенд“, „Секогаш другите се виновни“ или „Невидливата“, детски филмови „Петмина пријатели“ и „Јоко“ како и документарни филмови „Капетанот и неговиот пират“ и „Мојот пат до Олимпијадата“. Годинава интересот, како и секоја година, беше голем. Амбасадата не може да се пожали на недостиг на публика. Со нетрпение се очекува што ќе презентира Амбасадата во 2014 по повод Десетгодишнината од Фестивалот!

 

17.10.2013 – Потпишување на мал проект со Универзитетската клиника во Скопје

Преку кампањата што се водеше во земјата, вниманието на Германската амбасада во Скопје беше насочено кон проектот на Детската клиника во Скопје со цел отворање на центар за итни случаи за деца. Во договор со иницијаторите на проектот и Универзитетската клиника изборот падна на неинвазивен апарат за дишење, во чијашто набавка учествуваше Амбасадата. Овој медицински апарат е од големо значење за прерано и штотуку родените бебиња, зашто им овозможува сопствено одредување на фреквенцијата на дишење и на протокот на воздух. Овој проект беше поддржан со 5.300 евра од средствата за унапредување за мали проекти на Германската амбасада Скопје, пришто нашите партнери на лице место во соработка со македонското Министерство персоналот и тековните трошоци..

 

11.11.2013 – Ден на народната жалост– пораки на помирување

Заедничката комеморација на француските и германските амбасадори што се одржува секоја година ширум светот за жртвите од војната и насилствата во Првата и Втората светска војна веќе многу години е значен дел од германско-француското пријателство. Секоја година одново станува збор за сеќавање на минатото кога Французите и Германците мислеа дека конфликтите може да се решат со војна. Токму во оваа јубилејна година од Договорот за пријателство помеѓу Германија и Франција двете земји апелираат на пријателите и партнерите во земјата-домаќин Македонија да го следат повикот „Никогаш повеќе војна“ на француската и германската младина по Втората светска војна. „Конфликтите може и мора да бидат мирно и конструктивно отстранети. Размената и соработката, како што ги поттикнува на пр. Германско-француската младинска организација придонесуваат народите што некогаш биле непријатели да се смират и нивните луѓе да склучат пријателство едни со други“. Тоа е пораката што на Денот на народната жалост двете амбасадорки, на Германија и на Франција, г-ѓа Гудрун Штајнакер и г-ѓа Лоранс Оер сакаат да ја пренесат независно од нивната етничка и религиозна припадност. Пораката се пренесе на 9. ноември во Битола и Прилеп пред гробовите на десетте илјади мртви од двете Светски војни.

 

30.11.2013 - 1. адвент: Божиќен базар во Германската амбасада

Во сабота на 30. ноември 2013 во дворот на Германската амбасада во Скопје се одржа традиционалниот божиќен базар. Под покровителство на германската амбасадорка Гудрун Штајнакер, тој веќе стана дел од традицијата на Амбасадата. Организиран и спроведен од соработниците на Амбасадата и нивните членови, тој стана општествена и културна кулминација на Амбасадата. Околу 1300 посетители можеа на зимски температури да го доживеат типичниот германски божиќен пазар. Во свечено украсениот двор на Амбасадата, во седум рачно изработени дрвени куќички се продаваа печива, божиќни календари, слатки работи и занаетчиски производи. Дрезден, збратимениот град на Скопје, оваа година донираше медењаци. Добивката од 5.600,- €, како и секоја година, ќе се користи за некој добротворен проект. Со добивката од минатата година од божиќниот базар Амбасадата во Скопје можеше да го реновира Прифатилиштетото за жени во Скопје, да го снабди со професионална машина за садови Институтот за рехабилитација на деца и младинци со пречки во Скопје и да реновира и опреми со потребен мебел една училница за ученици во основното училиште „Круме Кепески“ во Припор. Оваа година Божиќниот базар ќе го поддржи Домот за деца без родители од 0 до 3 години во Битола.

 

Број на гледања на артикли
84084

Имаме присутни 93 гости и нема членови