Печати

Работилница

zdr„Развој на проект во контекст на македонско-германската културна соработка“ за Проектот „Иницијатива на младите“ на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка -Скопје

Од  5. до 9 септември 2011 година во Германската читалница се одржа работилница на тема „Развој на проект и негово спроведување во контекст на македонско-германската културна размена“.

Целта на работилницата беше младите луѓе од Македонија да бидат запознаени со културната соработка помеѓу Република Македонија и СР Германија, како и со првите чекори за развој и имплементација на проекти од областа на културата. Притоа, се дискутираше за проектите на македонско-германската културна соработка, се развиваа и формулираа конкретни идеи за проекти, а се разгледуваа и општи прашања околу управувањето со проекти од моментот на поднесување на проект до негова имплементација.

За време на целиот период, додека траеше работилницата, се разработи еден конкретен проект, кој се реализира во 2012 година. Концептот на работилницата се базираше на дијалог, интеракција, општ процес на бура на идеи и активна тимска работа.

Печати

Промоција - културни настани за 2010

zdruzeniПромоција на германско-македонската книга на културни настани за 2010

На 23.6.2011 година во Германската читалница се одржа промоцијата на третото издание на Германско-македонската книга на културни настани за 2010 година, која е во издание на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје, со поддршка на Гете-институт, Канцеларија за врски од Скопје. Оваа книга претставува не само хронолошки приказ на германско-македонската соработка во областа на културата во една календарска година, туку, уште повеќе, сведоштво за континуитетот и разновидноста на таа соработка и бележник за нејзиното развивање и растење од година в година.

Соработката беше прикажана низ различните тематски области, почнувајќи од музиката, па продолжувајќи со литературата, филмската и мултимедијалната уметност, а завршувајќи со театарот, танцот и со настаните за популаризирање на германската цивилизација и општество.

Број на гледања на артикли
84084

Имаме присутни 95 гости и нема членови