Печати

de:sonanz 2011

desonФестивал за електронска музика и медиумска уметност

Третото издание на de:sonanz - фестивал за електронска музика и медиумска уметност на 30.9., 1.10, 2.10. и 8.10.2011 година на македонската публика `и ги доближи современите тенденции во електронската музика, импровизацијата и видео - уметноста преку настапите на реномирани артисти од Германија, Норвешка, Унгарија, од земјата и регионот.

На ова фестивалско издание беа култните „Маус он Марс“ со нивните многуслојни еклектични хармонии и атмосфери, микросветовите на Изолее, скриени под искривени текстури, ритмичната елеганција на Роман Флигел.  Schneider TM ја долови урбаната берлинска атмосфера преку неговите Construction Sounds, визуелно „мапирани“ од познатиот медиумски уметник и предавач Лилеван.

Печати

Уметничката фотографија

makedonijaУметничката фотографија во Германија и Македонија

На 1 септември беше отворена изложба за иметничка фотографија и таа траеше до 15 септември 2011 година. Гете-институт, Канцеларија за врски во Скопје, Институтот за односи со странство, Друштвото за македонско-германска соработка и пријателство – Скопје и Националната галерија на Македонија – Мала Станица ја претставија Уметничката фотографија во Германија и Македонија со двете изложби:

Целиот град

Изложба на Институтот за односи со странство e. V. (ifa)
Куратор: Матијас Флиге
Фотографии од Германија

Во соработка со Институтот за односи со странство, Гете-институт, Канцеларија за врски од Скопје и Националната галерија на Македонија беше прикажана изложбата „Целиот град“, посветена на уметничката фотографија во Германија. Таа претстави примери на субјективна авторска фотографија во која се испреплетуваат документарни моменти и уметнички интерпретации. Шестте фотографи не ги користат расространетите дигитални методи, туку и остануваат верни на техниката на „видената“ неманипулирана фотографија и естетските особености на нејзиното фотохемиско развивање.

Печати

Комикс

comicsУченици од Германските партнерски и проектни училишта изработуваат свои стрипови со германската писателка Карен Сузан Фесел и илустраторката Хајди Кул

Работилницата за креативно пишување во 2011 година се одржa по четврти пат и на неа зедоа учество 16 ученици од Германските партнерски и проектни училишта на Канцеларијата за врски при Гете-институт во Скопје. Писателката Карен Сузан Фесел и илустраторката Хајди Кул со учесниците обработуваа оригинални стрип-приказни кои учесниците ги изработиле во двојки. Учесниците на работилницата беа одбрани од над 50 пријавени кандидати.

На изложбата на цртежите и презентацијата на стриповите која одржа на 27 мај во во просториите на Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ беа поканети родителите, учениците и наставниците.

Број на гледања на артикли
151384

Имаме присутни 938 гости и нема членови