Печати

Изложба на графики од Дрезден во Струмица

drezdenЗбратимените градови Скопје и Дрезден, како и Германската амбасада, на 28 септември 2010 година, на „Белата ноќ“ во Скопје, ја организираа изложбата „Графики од Дрезден“. Графиките беа поставени во Младинскиот културен центар каде што беа изложени 20 графикки од уметници од познатата графичка работилница во Дрезден, основана во 1958 година. Изложбата ја отворија вториот градоначалник на Дрезден Детлеф Зител, германската амбасадорка Улрике Марија Кноц и раководителот на одделението за меѓународна соработка на Град Скопје Ловрен Маркиќ. На отворањето свиреше и дрезденскиот бенд „ХЕРЦ“.

Во сорабока со локалните центри за култура оваа изложба беше прикажана и во Кавадарци, Битола и Прилеп, а на 24 март 2011 година беше отворена и во Струмица, Виница и Тетово

Број на гледања на артикли
151368

Имаме присутни 484 гости и нема членови