Печати

Им:про – култура на изведување 2

impro

Работилница за импровизациски театар со учесници од Скопје, Приштина и Тетово

Проект на Ксенија Чочкова (Центар за драмски уметности Т- Хаус Скопје), Вибке Штадлер (Невладина организација Контрапункт Скопје), Зилке Витинг (Центар за балканска соработка ЛОЈА, Тетово) и Лучија Цимерман (Кендра Мултимедија, Приштина).

„Култура на изведување” е заеднички проект на четири организации од Косово и Македонија, кој има за цел да ја поттикне размената надвор од идеолошките граници преку заеднички активности, а истовремено да започне со создавање на креативна сцена за изведба во регионот. Како медиум за заедничка комуникација служат различните практики на уметностите кои се изведуваат.  

Од 24 до 26 мај 2011 во MKЦ во Скопје се одржа тридневна работилница за импровизациски театар со германскиот инструктор Михаел Кведнау. Вежбите и пробите се изведуваа на забавен и весел начин. Како што се наближуваше завршната презентација, доаѓаше до зближување на групата. И покрај тоа што учесниците немаа искуство со импровизациски театар, тие сјаеа на бината со својата повеќестрана изведба, спонтаноста како и богатството на идеи. Публиката беше воодушевена и ја поддржуваше изведбата преку активно учество и соработка. Тешко беше да се поверува дека изведувачите за прв пат работеа заедно и само два и пол дена.  

Во декември 2010 по прв пат се одржа настан со наслов „ Култура на изведување“ во Тетово. Работилница за поетри слем спои млади луѓе од Приштина, Тетово и Скопје со цел, креативно дејствување преку надминување на националните, етничките, културните и јазичните граници.  

Поддржувачи: Фондација Фридрих Еберт Скопје, Фондација Роберт Бош, СИВИКА Мобилитас (спроведено од ЦИРА, финансиски поддржано од СДЦ)

Број на гледања на артикли
84072

Имаме присутни 47 гости и нема членови