Печати

Џез-квинтетот schultzing на турнеjа низ Југоисточна Европа

jazzПијанистот и композитор Штефан Шулце (добитник на WDR наградата за џез 2010), саксофонистот и композитор Петер Евалд, пејачката Хана Јурш, басистот Петер Швебс и тапанарот Тимо Варнеке креираат разнолики акустични слики. Слики кои можат подеднакво да се сместат во категории како џез, поп, а содржат и елементи на нова музика. На покана од Гете-институт schultzing од 18-21 март се одржа работилница, а на 22 март во Скопје и на 23 март во Штип се одржаа концерти како дел од турнејата во Македонија, Грција и Србија. Програмата ја сочинуваа aвторски композиции, но и традиционални македонски композиции со аранжман и преработка од Петер Евалд и Штефан Шулце.

Со поддршка на Сојузот на композитори на Македонија, во рамките на фестивалот Денови на македонската музика квинтетот ја продлабочи својата соработка со македонски музичари. Овој пат свиреа со македонските музичари Драган Даутовски и Владимир Николов. На концертот во Нови Сад им гостуваше српскиот басист Федор Русчуч.

Schultzing е во постојанао потрага по соодветни звуци, ги крши конвенциите и вообичаените текови и ги отсликува со соодветна доза на хумор. Музиката и текстот оставаат простор за асоцијации, истовремено се јасни и разиграни, ритмични и испрекршени, приземни и ведри. Виртуозноста и комплексноста се апсорбираат и музичарите им даваат човечки лик. Јаснотија. Ведрина. Хаос и хармонија: Schultzing.

 

Печати

Алијаж квинтет

На 17.8.2011 година, во рамките на Охридско лето, во црквата Света Софија настапи Алијаж квинтетот и на оваа необична и чудесна сцена ја маѓепса публиката со извонредни дела, меѓу кои „Шехерезада“ од Римски-Корсаков, „Оревокршачка“ од Чајковски и „Танцот на сабјите“ од Хачатуријан.
Покрај Јанг Јун Бае, на клавир, настапија четворица талентирани музичари на саксофони со различни регистри: Даниел Готје на сопран саксофон, Ева Бартас на алт саксофон, Корјун Асатријан на тенор саксофон и Себастиан Потмаер на баритон саксофон.

Репертоарот што го презентираа музичарите, во ваква единствена комбинација, ја внесе публиката во светот на патетичните руски и ориентални звуци од познати композитори.

Печати

Грегор Хилден Бенд на Блуз и соул фестивалот во Скопје

На 4. и 5. јули 2011 година се одржа Блуз и соул фестивалот во Скопје на кој како гостин на Скопско лето и на Германската амбасада беше „Грегор Хилден бенд“.

Бендот на Грегор Хилден (гитара), Томас Хуфшмид (пијано), Јохен Веле (тапани) и Саша Енинг (бас) настапи во Универзална сала заедно со симпатичната соул пејачка Хериет Луис и создаде возбудлива атмосфера на бината, која ја понесе многубројната публика.

Број на гледања на артикли
118257

Имаме присутни 429 гости и нема членови