Печати

The Backyard Jazz Orchestra

orkestarThe Backyard Jazz Orchestra – 7 професионални и 10 млади музичари од осум земји

„Creative Realities – European Prospects and Visions – мултинационална средба“ на млади музичари е името на проектот на реномираните џез музичари Штефан Шулце и Петер Евалд, кои веќе подолго време се ангажираат за меѓународна размена помеѓу млади музичари.

Германските професионални џез-музичари беа на едномесечно истражувачко патување низ Југоисточна Европа и покрај многубројните заеднички концерти со локални музичари, одржуваа повеќе работилници и запознаваа љубители на културата и уметноста. Петер Евалд и Штефан Шулце, од музичарите што ги сретнаа на нивното патување, го формираат Backyard Jazz Orchestra, со подршка од Културсекретаријат Вупертал, Гете-институт и од Министреството за млади, спорт и култура на Северна Рајна Вестфалија.

Печати

Creative Realities

creativaCreative Realities – European Prospects and Visions
    
На покана на Гете-институт и на Секретаријатот за култура на Северна Рајна Вествалија, во Германија и во четири балкански земји престојува џез-музичарите Штефан Шулце и Петар Евалд, кои преку работилници, средби и концерти бараа млади таленти за проектот „Creative Realities-  European Prospects and Visions“.

Работилницата се одржа од 8. до 11. септември 2011 година, а завршниот концерт на работилницата се случи на  10. септември 2011 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Млади музичари од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Романија и Германија, во соработка со професионални музичари, создадоа креативна слика од звуци, која раскажуваше за нивните индивидуални и колективни перспективи и визии.

Печати

Ученици пеат на германски јазик

peatЗдружението на наставници по германски јазик, во соработка со Канцеларијата за врски при Гете-институт од Скопје го организираа натпреварот по пеење на германски јазик Kinderstar 2011. По успешните регионални натпревари, на кои учествуваа  околу 150 ученици во рамките на 71 настап, на 3.6.2011 во Скопје се одржа големото финале.

Десетте победници од регионалните натпревари во Битола, Делчево и Скопје на 16 и 17 април 2011 учествуваа на работилница на која, раководени од професионалци, се подготвуваа за предизвикот што ги очекува на големото финале.

Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 40 гости и нема членови