Печати

Приватно/Јавно

Земање простор –– Создавање простор

Во тек на четири дена, од 9 до 12 јуни 2011 година, се случуваше проектот Приватно/Јавно со цел да се да се открие Скопје на еден нов начин. Носител на проектот беше Вибке Штадлер, културен менаџер на невладината организација „Контрапункт“ од Скопје. Прашањата што беа третирани се однесуваа на приватното усвојување на јавни простори и во врска со правата на жителите на определен град, за нивната улогата и одговорноста што во тоа ја игра културата. Проектот беше реакција на актуелните случувања во културната политика и архитектурата на Скопје. Градот беше разбран како животен простор во кој се преплетуваат најразлични историски врски. Од голема корист за градот, кој креативноста ја разбира како понуда за комуникација за сите, е директно да се интервенира во градските области и таму, на лице место, да се разговара со луѓето. Културата е извор за создавање на идентитет и главен критериум за вклучување и учество. Може да почне со процеси со цел критички и аналитички да разгледа одредени општествени теми.  

Приватно/Јавно понуди простор во три дела, за да ги разгледа „правата за град“ на жителите на Скопје. Уметници од Германија и регионот реагираа преку интервенции во приватниот и јавниот простор во врска со структурата на градот и пропагираа негов нов изглед. Низ дискусии се проговори за просторот и учеството на културата во градот. Спроведените прошетки и дискусии осветлија неоткриени агли и лични приказни во градот. Ппрвано/Јавно беше платформа за нови идеи и концепти, како може да се користи и промени градот.

Уметници: Дисфилхармонија, Кристоф Циглер, Ивана Сиџимовска, Ѓорѓе Јовановиќ, Славица Јанешлиева, Боба Мирјана Стојадиновиќ. Божидар Катиќ, Абан Муха и Јл Читаку, Распеани Скопјани, Владимир Лукаш и Леонард Котевски

Говори и дискусии: Сузана Милевска, Џонс Нови, Марко Аксентијевиќ. Зоран Поповски, Митко Хаџи Пуча, Минас Бакалтсев, Јане Чаловски

Тури низ градот: Јане Чаловски, Влатко Галевски, Василка Димитровска, Виолета Качакова

Поддржувачи: Канцеларија за врски на Гете-институт од Скопје, Фондација Роберт Бош

Број на гледања на артикли
83765

Имаме присутни 523 гости и нема членови