Печати

ФИФА Светско првенство во фудбал за жени

ФИФА Светско првенство во фудбал за жени: Германија 2011 година

Во јуни и јули 2011 година Германија беше домаќин на 6-тото светско првенство во фудбал за жени и ги организираше натпреварите во девет германски градови.
Германската амбасада во Скопје, следејќи ги успешните преноси во живо од Светското фудбалско првенство во 2010 година, секако ја искористи можноста и оваа година, на  26.6.2011 година да покани на следење на преносите од натпреварите на германскиот женски национален тим.

Многубројните посетители, меѓу кои беа и дамите од македонската лига на шампиони, имаа можност да вкусат германски колбаси и пиво, но и спортски да се активираат. Паузата за време на полувремето минуваше многу брзо на масичката за фудбал и уште повеќе го разгоруваше доброто расположение.
Германската женска селекциа навистина загуби уште во четврт финалето (од подоцнешните светски првенки), но и возбудливото финале меѓу Јапонија и САД трескавично го следеа многубројните посетители во Германската амбасада.

 

Печати

Приватно/Јавно

Земање простор –– Создавање простор

Во тек на четири дена, од 9 до 12 јуни 2011 година, се случуваше проектот Приватно/Јавно со цел да се да се открие Скопје на еден нов начин. Носител на проектот беше Вибке Штадлер, културен менаџер на невладината организација „Контрапункт“ од Скопје. Прашањата што беа третирани се однесуваа на приватното усвојување на јавни простори и во врска со правата на жителите на определен град, за нивната улогата и одговорноста што во тоа ја игра културата. Проектот беше реакција на актуелните случувања во културната политика и архитектурата на Скопје. Градот беше разбран како животен простор во кој се преплетуваат најразлични историски врски. Од голема корист за градот, кој креативноста ја разбира како понуда за комуникација за сите, е директно да се интервенира во градските области и таму, на лице место, да се разговара со луѓето. Културата е извор за создавање на идентитет и главен критериум за вклучување и учество. Може да почне со процеси со цел критички и аналитички да разгледа одредени општествени теми.  

Печати

Божиќен пазар: Скопје 2011 година

Деветтиот божиќен пазар на германската амбасада во Скопје овојпат се одржа во сабота, на 26.11.2011 година. Повеќе од 1.000 посетители дојдоа по студено време, со срамежливи сончеви зраци, во убаво украсениот двор на амбасадата за да ја почувствуваат типичната божиќна атмосфера. На седум празнично украсени штандови беа изложени домашно направени божиќни колачиња, слатки, германските “медењаци” и милиброди, како и рачно изработени подароци и божиќни украси за продажба.

Големиот број посетители уживаа во типичната божиќна храна. Бројките говорат дека за четири часа беа продадени околу 100 кг. Колбаси, како и 750 литри нирнбершко греано вино и детски пунч. На штандот за вафли беа испечени свежи вафли од 40 кг. тесто.

Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 41 гости и нема членови