Печати

Слепа точка, Скопје

slepatocka

Изложба и видео проект со интернационалната уметничка група Камеракартел

Проект на Вибке Штадлер, културен менаџер од Невладината организација Контрапункт, Скопје, Македонија.

СЛЕПА ТОЧКА СКОПЈЕ беше замислен како привремена платформа во Скопје од страна на Марте Кислинг, Штефани Сара Лауке, Ванеса Ника Милер и Вибке Штадлер. Проектот беше организиран како настан поделен на три меѓусебно поврзани делови. Беа презентирани филмски и дискурсивни позиции на сопствената и странската перцепција на урбаните простории и нивните празни места.

Изложбата беше отворена на 29.3.2011 година и траеше до 2. 4. 2011 година, а се состоеше од разновидна дневна програма со видео материјал од интернационален карактер. Програмата беше збогатена со вечерна програма со филмски проекции, дискусии и презентации, на која учество зедоа интернационални и локални уметници, како и културни дејци. Членовите на Камеракартел за време на својот престој во Скопје, на 23 март започнаа со работа на сопствено филмско истражување. Резултатите од ваквото истражување беа презентирани вечерта по завршувањето на изложбата.   

Спојот на изложбата, теоретските дискурси во врска со темата и филмското извидување на градот Скопје беше претставен во форма на карта на која беа претставени познатите и непознати координати на урбаното. Тие, пак, беа повторно поврзани преку различните уметнички стратегии.

Учесници (уметници, режисери и теоретичари) на изложбата: Адамс & E.Б.Итсо, Адријан Алеку, Гербранд Бургер, Јане Чаловски, Сурав Рој Чоухари & Суман Самјпати, Славчо Димитров, Синиша Евтимов, Валентина Ферандес, Алберт Мерино Гомез, Флоријан Гвинер, Карин Хамер, Веи- Минг, Христина Иваноска, Владан Јеремиќ, Даниел Џевесбари, Џаред Кациане, Марте Кислинг, Давид Кремс, Нина Куртела, Штефани Сара Лауке, Мирко Мартин, Паулине Мбарек, Ванеса Ника Милер, Благојче Наумовски, Лее Хее Вон Нави, Рена Редле, Штефан Ремер, Аднан Софтиќ, Тед Зоненшајн, Вибке Штадлер, Игор Тошевски, Чин Ји Ценг, Ана-Лена Венцел, Карстен Визел

Партнер: Камеракартел
Поддржувачи: ИФА Поддршка на изложби, Фондација Роберт Бош