Печати

Револвер

revolverНово германско кино

Во текот на четири дена, од 8 до 11 април 2011 година во Кинотека на Македонија се прикажаа филмови, остварувања на редакцискиот тим на списанието „Револвер“, како и „Чистиот копнеж“ на Валеска Гризбах, кој спаѓа во филмовите од „Берлинското училиште“ и „Новел вог Алеманде“, а сето ова беше придружено со дискусии и работилници. Проектот е на Вибке Штадлер, културна менаџерка на невладината организација Контрапункт од Скопје.

Печати

Слепа точка, Скопје

slepatocka

Изложба и видео проект со интернационалната уметничка група Камеракартел

Проект на Вибке Штадлер, културен менаџер од Невладината организација Контрапункт, Скопје, Македонија.

СЛЕПА ТОЧКА СКОПЈЕ беше замислен како привремена платформа во Скопје од страна на Марте Кислинг, Штефани Сара Лауке, Ванеса Ника Милер и Вибке Штадлер. Проектот беше организиран како настан поделен на три меѓусебно поврзани делови. Беа презентирани филмски и дискурсивни позиции на сопствената и странската перцепција на урбаните простории и нивните празни места.

Печати

Наградени документарни филмови на Билјана Гарванлиева

biljanaФилмска проекција и дискусија/работилница

Германско-македонската режисерка Билјана Гарванлиева, преку нејзините документарни филмови на впечатлив начин ја отсликува македонската реалност и тешките економски услови кои се нејзин неизбежен дел, но истовремено сведочи за креативноста, силата и храброста на нејзините протагонисти, да се соочат со тие услови и да го извлечат најдоброто од нив, притоа не откажувајќи се од нивните соништа и надежи. Филмската проекција и работилницата се одржаа во Кинотека на Македонија, ЕСРА на 7. и 8. март 2011 година. Работилницата беше наменета за студенти по филм и млади режисери на тема „Драматургијата во документарниот филм“ – од едноставна идеја до успешен документарен филм.

Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 44 гости и нема членови