ФИЛМСКА РАБОТИЛНИЦА СО БОРЈАН ЗАФИРОВСКИ: ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИ

Во рамките на новиот проект со наслов “Во филмската лабораторија на природата” кој ќе го реализираме во периодот од февруари до септември 2023 започнуваме со отворен повик до млади надежни уметници и аматери љубители на седмата уметност.

Станува збор за едукативно-уметнички проект и има за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје и да се поддржи проактивниот однос на поединецот кон општествените промени денес.

Проектот е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. На овој начин учесниците ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси.

Филмската работилница ќе се реализира под менторство на режисерот Борјан Зафировски а во организација од Здружението за македонско германско пријателство и соработка во Скопје со финансиска поддршка од Гете институтот Goethe-Institut Skopje
Партнер Go Green – Биди Зелен#

Пријавување кај координаторката на работилницата Мариана Палашевска на емаил адреса: [email protected]

 

 

Зачленете се за Новости