Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Стипендиската програма на Германското стопанство за 2018 година

Во рамките на стипендиската програма, високо квалификувани кандидати од Западниот Балкан учествуваат во три до шестмесечна пракса во водечки германски претпријатија.

Аплицирајте од 1 октомври до 13 ноември 2017 година!

Повеќе информации на следниов линк

Печати

Poetry Slam

Покана за првата Poetry Slam работилница во Скопје

Поезија? Настап? Талент шоу? На еден Poetry Slam му се потребни следниве состојки: текст, сопствен ритам, игра и желба за  натпревар, трка со времето и еден јавен микрофон.

Poetry Slam инспирира многу луѓе ширум светот да го откријат сопствениот израз и да се пронајдат во сопствените зборови. Но исто така е и можност да се сподели внимание, да се сослуша еден со друг и да се дадат нови одговори.

Тимо Брунке заедно со уште неколкумина поети го започнаа Poetry Slam во Германија. Тој е слободен уметник и долги години го обликуваше Poetry Slam-от во Германија. До денес тој им помага на младите и на студентите и им го покажува патот до првиот свој текст и до првиот свој настап.

Што треба да понесете: Едно пенкало, хартија, желба за креативно пишување и за ново и убаво искуство. Искористете ја шансата! Пораснете надвор од себе!

Број на гледања на артикли
118238

Имаме присутни 104 гости и нема членови